Денеска седница на Владата

Владата денеска ќе ја одржи редовната 154-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

 На предлог на Национален совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност, на оваа седница ќе се најде информацијата во врска со одржаната 15-та редовна седница на Националниот совет за ИКТ и сајбер безбедност.

 Министерството за одбрана за оваа седница ја предложи за разгледување Информација со Нацрт Стратегијата за одбрана.

 На денешната седница министерите во Владата  ќе расправаат за Предлог – одлукaта за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, како и за Предлог – одлукaта за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

 На предлог на Министерството за образование и наука на ова седница владата ќе биде информирана за активностите за имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од „Стратегијата за Југоисточна Европа 2020“, за најсоодветен начин за воведување на антикорупциските теми во рамките на годишната програма на училиштата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега