Православните христијани денеска го одбележуваат големиот празник посветен на зачнувањето на Света Ана, денот кога според црковното предание започнала историјата на спасението на човечкиот род преку Пресвета Богородица. Празникот е посветен на праведните Јоаким и Ана, родителите на Мајката Божја.
Според преданието, по 50 години бездетство и молитви, на двајцата сопружници им се јавил Архангел Гавриил со веста дека нивните молби се услишени.
„Ќе родиш ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена“, му порачал ангелот на ова семејство.
По девет месеци, Ана ја родила Пресветата Дева Марија, со што се исполнило божјото ветување. Овој празник во народот е познат како ден на голема надеж и чудотворност.

