Денеска се избегнуваат домашните обврски - славиме голем празник

Денеска се слави Свети Никола, познат меѓу народот и како летен, иако формално не паѓа во летен месец. На оваа дата сите бродови, било кај да се наоѓаат го фрлаат сидрото и до наредниот ден мируваат, оддавајќи му слава на својот светител.

Христијаните веруваат дека Свети Никола со своите чудесни моќи му помага на секој кој ќе му се обрати за помош во болеста, немоќта и душевната болка. Со помош на неговите молитиви на слепите им се враќа видот, сакатите проодуваат, а глувите почнуваат да слушаат.

Свети Никола станал еден од најомилените светци и за него се врзуваат многу обичаи.

Денеска, според традицијата, никако не чини да перете облека, да чистите и да работите било какви работи по дома. Во некои краишта се одржал обичајот за дарување на децата, бидејќи овој светител е нивен заштитник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега