Денеска променливо време со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, а дневните во интервал од 9 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Максимална дневна температура од 16 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

22.03.2023 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа