Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб повремен локален дожд, додека на планините и на повисоките места ќе врне слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура утринава се движеше во интервал од 0 до 6 степени, а максималната дневна ќе достигне од 7 до 11 степени. Во главниот град Скопје времето е слично – променливо облачно со повремен слаб дожд.Температурите ќе се движат од минимални 5 до максимални 10 степени.
Од УХМР најавуваат дека влажниот бран ќе продолжи и утре (недела), кога се очекуваат пообилни врнежи.Поради заладувањето, дождот ќе премине во снег и во некои од пониските места,

