Денеска пресуда за “Триста“ утре за „Тенк“

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски денеска ќе ја чуе пресудата за случајот Триста во кој по обвинение на Специјалното јавно обвинителство му се суди за набавка на 300 автомобили за полицијата. 
Основниот суд треба да ја објави својата одлука по барањето на СЈО Поповски да добие затворска казна. Доколку биде прогласен за виновен, поранешниот помошник министер во Министерството за внатрешни работи може да добие казна затвор меѓу 4 и 15 години.
Одбраната на Поповски побара тој да биде ослободен од обвинението. 
На последното рочиште Поповски пред суд се бранеше дека возилата кои биле набавени се уште ги користи полицијата, а едно во едно од нив се користи и за потребите на Специјалното јавно обвинителство.

Возилата кои се предмет на кривично дело сè уште ги користи полицијата. Кога се формираше СЈО, јас и Катица Јанева потпишавме договор да им отстапиме едно возило – „шкода суперб", кое исто така беше и е предмет на кривичното дело за кое ме гони истото СЈО. Изминатиов период се соочив со многу закани и уцени, притисоци на кои тешко одолеав", изјави Поповски

Поповски и утре ќе треба да се појави во Судот каде ќе му биде соопштена пресудата за случајот тенк каде е обвинет заедно со екс премиерот Никола Груевски за набавка на владиниот Мерцедес. 
Вчера, Судот го ослободи од обвиненијата премиерот Зоран Заев кој се товареше за поткуп од 160.000 евра.

 

 

 

22.05.2018 - 07:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега