Денеска нè очекува променливо време со нагласена промена во вториот дел од денот. Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, но веќе попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, носејќи услови за слаб локален снег.

Минималните ќе се движат од -5 до 0 степени, а максималните од 3 до 11 степени.

Сончево претпладне, облачно попладне со умерен северен ветер и температура до 10 степени.

Метеоролозите најавуваат нагла промена под влијание на студена воздушна маса која пристигнува утре:

Ќе дува засилен до силен северен ветер. Дневните температури на повеќе места ќе останат во негатива, односно под нула степени во текот на целиот ден.

Во четврток продолжува засилениот ветер, додека во петок правецот се менува во јужен, со услови за слаб дожд и снег на планините.

За време на викендот не очекува стабилизација, претежно сончево време и постепен пораст на температурите.

Exit mobile version