Денеска почнува судењето за Меѓународниот сојуз, на обвинителна клупа Боки 13, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ…

Денеска треба да се одржи првото судско рочиште за случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која, како што пишува во обвинението, биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица.

Јовановски е осуден за случајот „Рекет“ и денеска од затворот во Шутка треба да биде спроведен до Основниот кривичен суд во Скопје.

Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Рекет“.

Јовановски тврди дека обвинението за овој случај е конструиран случај. Ременски дава изјави дека ќе ја докаже својата невиност во овој случај и дека целта на ова судење е нејзина политичка елиминација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега