Денеска нови цени на горивата - Макпетрол го поскапе дизелот

Трговците од денеска сами можат да ги определат малопродажните цени на нафтата и нафтените деривата кои ги продаваат на нивните бензински пумпи. Вчера одлука соопшти Макпетрол, кои ги намалуваат цените на бензинот, а ги зголемуваат на дизелот.

Методологијата по која „Макпетрол“ АД Скопје ги формираше новите највисоки малопродажни цена на дериватите е светски призната методологија, која во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите.

 Како корпоративно општествено одговорна компанија, постојано работиме на тоа нашите потрошувачи навремено да бидат информирани за сите новости, како и да им овозможиме најквалитетни горива по најприфатливи цени, па така, ќе важат следниве цени на нафтените деривати:

 -           Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 71,00 денари за литар;

-           Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 73,00 денари за литар;

-           Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена  од 64,00 денари за литар;

-           Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65,00 денари за литар;

-           Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,00 денари за литар.

 Согласно нашите пресметки, кога цените на нафтените деривати би се определувале по старата методологија, истите би биле повисоки од горенаведените цени кои се определени согласно Методологијата применета од „Макпетрол“ АД Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега