Македонија денеска ќе биде под влијание на облачна маса која ќе донесе повремени локални врнежи од дожд. Според синоптичарите, ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец.

Температурите во земјава ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат до 14 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Во главниот град ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.

До крајот на неделата времето ќе остане нестабилно и променливо облачно со повремени локални врнежи. На одредени места се очекуваат пообилни врнежи од над 20 l/m².

До среда ќе продолжи да дува јужен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Промена се очекува во четврток и петок, кога ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе донесе и пад на температурите.

Exit mobile version