Денеска ќе падне одлука: Дали Алтернатива ќе се приклучи кон Владата?

Дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена денеска на седница на највисокото партиско тело – Централен совет. Партиската средба ќе почне вечер во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово.

За одржување на седницата на Централниот совет вчера потврди партискиот портпарол Орхан Муртезани, кој рече дека денеска ќе биде донесена конечна одлука и дека повеќе информации ќе има на прес-конфренција по завршувањето на седницата.

Лидерот на партијата Африм Гаши имаше три средби досега со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.

03.12.2021 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа