Денеска гласаат вкупно 419 изнемоштени лица од Крива Паланка и Ранковце

Вкупно 347 болни и изнемоштени лица од Крива Паланка и 72 од Општина Ранковце денеска имаат можност да го остварат своето избирачко право за претстојните парламентарни избори.

Во седум часот утрово е отворено избирачкото место број 0942 каде денес во Одделението на казнено-поправна установа во Крива Паланка каде што во моментот казна затвор издржуваат вкупно седум затвореници.

– Во текот на вчерашниот ден сите избирачки одбори го подигнаа изборниот материјал, а правото на глас го остварија и регистрираните пет лица позитивни на вирусот Ковид-19 од Крива Паланка. Како општинската изборна комисија ги направивме сите подготовки за изборниот циклус да биде максимално безбеден по здравјето на граѓаните, согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Извршена е дезинфекција на сите просториите во кои ќе се одвива гласањето, а денешното гласање на болни изнемоштени се одвива непречено, како и во затворот, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.

Во Крива Паланка право на глас имаат 16.965 граѓани, кои гласаат на вкупно 47 избирачки места, а на 13 избирачки места своето право на глас ќе можат утре да го остварат 3010 жители на Општина Ранковце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега