Денеска ги славиме родителите на Богородица, Јоаким и Ана - кои обичаи треба да се испочитуваат на овој празник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 септември.

Денеска е Св. Јоаким и Ана.

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник. Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаја длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години.

Денешниот ден треба да се помине во кругот на семејството, особено со родителите. Избегнувајте кавги, затоа што според верувањата, кој има кавга денеска дома, ќе го следи несреќа цела година.

Во некои делови се верува дека на денешниот ден треба да се даде подарок на драгите личности, кој треба да биде завиткан во црвена хартија или да има некој црвен детаљ на себе.

Ако даваме милостина не треба да ја даваме со гордост туку на тој кој му даруваме милостина да го сметаме за подобар од нас. Кога гордоста ќе се појави уништува се добро што сме направиле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2019 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега