Православните христијани денеска го празнуваат споменот на три значајни настани: Обрезанието Господово, празникот на Свети Василиј Велики и почетокот на Православната Нова година. Според јулијанскиот календар, денеска е 1 јануари, ден кога црквата се потсетува на денот кога Божествениот Младенец бил обрезан и го добил името Исус (Спасител).

Како што е запишано во Евангелието според Лука: „А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.“ Со овој чин, Христос покажал дека примил вистинска човечка природа, а не привидна, како што тврделе некои ереси.

Денешниот ден е посветен и на Свети Василиј Велики, еден од најголемите столбови на христијанството, познат по својот богословски ум и хуманост. Тој останува запаметен како „пчела на Црквата Христова“, која им дава мед на верните.

Денеска именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка и нивните варијанти.

Exit mobile version