По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, денеска во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница. На настанот е предвидено да се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Овој ден ја одбележува годишнината од Битолскиот конгрес кој се одржал од 14 до 22 ноември 1908 година. На овој Конгрес, десетици албански научници се состанале за да ја создадат и унифицираат албанската азбука.

Битолскиот конгрес се смета за еден од најзначајните настани во историјата на културата и на албанскиот народ во целина.

Од 2007 година, Денот на албанската азбука е прогласен за државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава.

Exit mobile version