Временските прилики во земјава денеска ќе бидат нестабилни, со повремени локални врнежи од дожд и умерен северен ветер. Најмногу ветар ќе се почувствува на западот на државата со брзина над 50 km/h.
Максималните температури денеска ќе се движат од 13 до 20 степени. Во главниот град Скопје, по студеното утро со 3 степени, дневната максимална ќе достигне до 19 степени, со услови за повремен дожд.
Утрешниот ден ќе помине во знак на променлива облачност, а слаби врнежи се можни само во југозападниот дел од Македонија.
Клучната промена на времето пристигнува со почетокот на работната недела.
„Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од вторник ветерот ќе дува слаб до умерен јужен ветер“, стои во прогнозата.
Затоплувањето ќе биде поизразено од вторник, кога северниот ветер конечно ќе отстапи место на топлиот јужен ветер.


