Македонија денеска се разбуди во студено утро со температури кои на места се спуштија и до -6 степени. Според УХМР, во текот на денот нè очекува променливо облачно време, а на одредени места ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. На планините и повисоките места се очекува провејување на слаб снег.

Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, додека во Скопје ќе биде облачно со температура до 5 степени.

Сепак, вистинскиот пресврт доаѓа веќе од вторник навечер. Метеоролозите најавуваат нов влажен бран кој во текот на ноќта и во среда ќе донесе нови врнежи претежно од снег низ целата земја.

Exit mobile version