Денешната полна месечина е последна во деценијата- зошто овој четврток е толку магичен

Во четврток, 12 декември 2019 година (денеска), нè чека полна Месечина, која астролозите уште ја нарекуваат и студена месечина. Таа е значајна затоа што носи со себе посебна енергија.

12-ти декември ќе биде необичен ден од повеќе причини. Овој ден од астролозите го нарекуваат ден на чуда, затоа што го отвора т.н. портал на дванаесетка.

Еве детално објаснување зошто овој четврток е толку магичен:

Се отвораат портите на затемнувањето

Овој ден се смета за почеток на зимското затемнување, првото соларно затемнување ќе се случи на оваа полна Месечина, на 12 декември.

Оваа ноќ има неверојатна сила бидејќи некоја нова енергија станува се подоминантна и започнува ново поглавје. Добро е да започнете со некои нови активности или планови што долго време ги одложувате.

Овој ден би можел да биде пресвртница во вашиот живот. 12 декември е совршен ден за нови почетоци.

Волшебно поставување на Ѕвездите: Венера, Сатурн, Плутон

Според астролозите, овие три ѕвезди се во идеален амбиент. Нивниот распоред создава можност за позитивен развој.

Ова е последната полна Месечина во деценијата

Ова е 12-ти ден во месецот, 12-ти месец во годината, а збирот на цифрите од тековната година, исто така, дава 12, (2 + 0 + 1 + 9 = 12).

Во однос на нумерологијата, 12 е посебен број кој има моќ затоа што има:

– 12 месеци од годината

– 12 хороскопски знаци

– 12-те главни богови и божици на Олимп

– Израелово племе (12)

– 12 подвизи на Херкулес

– 12 магични часови во еден ден

– 12 магични часови на ноќта

Дванаесет е број на идеали, мудрост на универзумот, а 12 се верува дека е број на ангелите и нивна моќ.

Се очекува обилен метеорски дожд

На оваа волшебна ноќ на полна Месечина паѓаат Герминиди – еден од најмоќните метеорски дождови.

Нивната активност започнува на 4 декември, а завршува на 17 декември. Врвот се очекува на 12 декември.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега