Денес е зимски Крстовден, строг пост- празник кој носи среќа

Денеска е Водокрст или зимскиот Крстовден,  денот во кој православниите христијани треба да се одморат и да се подготват за утрешниот голем празник, Богојавление. 

Водокрст е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството. За оние кои се родени на овој ден, се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст. Тие, според обичаите се посебно одговорни за своите дела и постапки.

Црквата овој ден го одредила како голем празник со строг пост, за подостоинствено празнување на денот, и за оддавање признание на светиот крст. За оние кои постат, се смета дека сочувствуваат со страдањата на Спасителот Исус Христос. 

На овој ден не се јаде ништо мрсно, вклучувајќи го и растителното масло. Денска, според обичаите се јаде само леб и се пие вода. Во православните храмови на зимскиот Крстовден литургиите најчесто се служат во црквите Свети Јован Крстител, a обичај кој се применува е големо осветување на водата.

По осветувањето, водата им се дели на верниците, и се верува дека треба да се чува дома поради здравје и бериќет. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега