Денес е најпосакуван маж, а имал страшно минато: „Се родив како зависник од хероин, татко ми е убиец“

Колку се чудни животните патишта и како судбината може магично преку ноќ да се промени, најдобар доказ е Џереми Микс чии фотографии пред неколку дена се појавија скоро во сите медиуми кои постојат, кога доби епитет „најсекси затвореник на светот“.

Тој неодамна ја отвори душата и во едно од ретките интервјуа, ја опишал својата мрачна судбина.

Džeremi Miks

-Моите двајца родители беа зависници. Се родив како зависник од хероин, затоа што мајка ми го конзумирала додека била трудна со мене. Моето детство беше мрачно. Татко ми ја убил пријателката на мајка ми кога сум имал 9 месеци. Ја барал мајка ми и мене, а таа била единствената која знаела каде сме. Подоцна сфатил дека сме изнајмиле стан под неа. Ја избодел до смрт - се присетил Макс.

После ова злосторство татко му добил доживотна казна, а тој пораснал со мајка му во страшни услови.

-Пораснав во такво опкружување кое беше многу тешко. ? вбризгував на мајка ми хероин кога бев момче, ја штитев од партнерите кои ја малтретираа. Морав брзо да порасна, почнав да работам и да носам пари за да имаме што да јадеме - рекол тој.

На 15 години го напуштил семејниот дом и живеел на улица. Истата година пукале во него пет пати, а само среќа го одржала во живот. Набрзо завршил во поправен дом, а оттаму го извлекла постарата сестра која законски го посвоила.

Но тој продолжил со криминалот, се занимавал со наркотици и бил член на улична банда, а во затвор поминал повеќе од десет години во неколку наврати. Фотографијата од неговото апсење станала вирален хит и го претворила Џереми во сензација.

-Единствено ме спаси судијата кој ми ја намали казната на 6 од 27 месеци. Ми рече да ја искористам можноста која ми се нуди. Ми помогна на многу начини - признал овој убавец, кој во наредните месеци станал баран манекен и заштитно лице на бројни брендови.

Сега е во брак со Клои, ќерката на британскиот милијардер Филип Грин, со која има и дете.

 
 
 
View this post on Instagram

Incredible shoot yesterday with @bh_movement  @jimjordanphotography

A post shared by JEREMY MEEKS (@jmeeksofficial) on Jun 21, 2019 at 4:41pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега