Дендиас: Иднината на Северна Македонија и Западен Балкан е во ЕУ

Денеска сум овде во Охрид, на „Prespa Forum Dialogue“ за да го повторам цврстиот принцип на грчката надворешна политика дека иднината на Северна Македонија, иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, во европските вредности, во заедничкиот простор на правото и заштита на човековите права, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изјава за грчките новинари по неговото пристигнување на Преспа форумот за дијалог, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас во кусата изјава, освен што уште еднаш ја изрази грчката поддршка за ЕУ перспективата, потенцираше дека „она што мора со голем напор да се одбие, се било каквите влијанија на фактори кои би сакале да го одведат регионот во друга, поинаква насока, насока поинаква од ЕУ, меѓународното право, европските вредности“.

Шефот на грчката дипломатија попладнево ќе се обрати на панел дискусија на форумот за „Европскиот мировен проект на Западен Балкан“. 

16.06.2022 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа