Демостат: Против влез во Европската унија се 51 отсто од населението на Србија

Доколку утре би се одржал референдум за влез на Србија во Европската унија, 34 отсто од граѓаните би гласале за, само 17 отсто сметаат дека треба да се направат одредени отстапки поради напредокот кон ЕУ, додека 51 отсто од испитаниците се против влез во ЕУ, беше кажано на денешната презентација на истражувањето на Демостат, јави дописникот на МИА од Белград.

Истражувачот на Демостат Сречко Михаиловиќ на преставувањето на истражувањето „Надворешнополитичка ориентација на српските граѓани” изјави дека 58 отсто од испитаниците сметаат дека Србија не треба да ја усогласува својата надворешна политика со ЕУ, додека 33 отсто сметаат дека Србија треба да го направи тоа.

-Mихаиловиќ изјави дека 81 отсто од испитаниците сметаат дека Србија мора по секоја цена да ја зачува неутралноста, а 80 отсто се изјасниле да не воведува санкции кон Русија.

Одговарајќи на прашањето кој е одговорен за актуелната ситуација во Украина, седум отсто од испитаниците ја споменале Русија, три отсто сметаат дека Русија е поодговорна од Украина, 17 отсто сметаат дека НАТО е поодговорен за ситуацијата, а 54 отсто сметаат дека НАТО е исклучиво одговорен.

ога станува збор за политичарите, 46 отсто од испитаниците имаат најголема доверба во Александар Вучиќ, по шест отсто најмногу им веруваат на Ивица Дачиќ и опозиционерот Здравко Понош, а 27 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичар.

Од светските лидери, испитаниците имаат најдобро мислење за Владимир Путин (45 отсто), Кси Џинпинг (12 отсто) и Емануел Макрон (11 отсто).

Од лидерите во регионот, најголем број од испитаниците имаат најдобро мислење за Виктор Орбан (37 отсто) и Милорад Додик (28 отсто).

За граѓаните на Србија, најблиски народи во соседството се Црногорците (34 отсто од испитаниците) и Македонците (24 отсто), а најмалку блиски се Албанците (четири отсто).

Истражувањето е спроведено во периодот од 13 до 22 јуни, а во него учествувале 1.203 граѓани.

 

29.06.2022 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега