Демократски сојуз: Велепредавство е ако се преговара за Охридска архиепископија

Демократскиот  сојуз смета дека Мешовитата Македонско-Бугарска Комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна  да разговара и преговара  за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование. Оваа порака ја испраќаат од Демократскиот сојуз во соопштение до медиумите.

„Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на Македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство.

Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот,  тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ.  ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел),да биде разрешена и изберат во истата историчари ,резистентни на политичко влијание“, се наведува во реакцијата на ДС.

28.11.2022 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа