Демири пушел марихуана додека Беља го тепал Саздо - не знае зошто застанале на автобуската

Второобвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Скендер Демири, сведочеше денеска на рочиштето во Основен суд Скопје 1.

- Не сум виновен, ниту јас, ниту Јетон. Само Бесир има учество. Ние двајца влеговме само со намера да ги раздвоиме, изјави тој, јави Република.

Тој додаде дека кога излегол од „мерцедесот“ на Беља видел како Јетон се упатува кон Бесир и Никола кои се туркале и го држел Бесир за да го оттргне. Објасни дека го потурнал Никола, на кого му се сплеткале нозете и паднал, а потоа паднал и тој самиот врз него. 

Демири, пред судот, кажа дека пет години консумирал марихуана, а поинтензивно во последните три, но дека не купувал бидејќи имал другари кои се занимавале со тоа и секогаш кога ќе им побарал му давале. Рече дека не е зависник од марихуана и оти консумира три цигари дневно со марихуана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега