Делови од Штип останаа без струја и вода поради дефект на трафостаница

Поголемите штипски населби Сењак и Дузлак попладнево останаа без струја, поради дефект на трафостаница два.

Поради тоа што немаше струја неколку часа во овој дел на градот Штип, прекината е наставата за учениците од Општинското основно училиште „Димитар Влахов“. Дефектот на трафостаница два создаде проблеми и со водоснабдувањето во делови од градот Штип.

Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков вели дека токму трафостаницата на која ЕВН имаше дефект со струја ги обезбедува поголемите населби, но и Филтер станицата за производство на водата за пиење.

 

-Резервоарите во Филтер станицата имаат капацитет да издржат неколку часови во зависност од потрошувачката на вода. Во моментов сме известени дека дефектот е саниран во трафостаницата, во контакт сум и со вработените во Филтер станицата, кои информираат дека резевоарите почнале да се полнат со вода, по што за кратко и водоснабдувањето ќе биде стабилизирано, вели Здравков.

28.11.2022 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега