Делови од неколку скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека на ден 22.06.2022 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул.1 во село Добри Дол. ( општина Сопиште )

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Бранислав Нушиќ, како и објектот на детската градинка Орце Николов. ( општина Карпош )

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Панче Пешев, како и корисниците од улиците Римска и Наум Евро. ( општина Карпош )

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Македонија бр.3, Даме Груев бр.5 – влез 1 и влез 2.( општина Центар ) дел од корисниците од ул. Румена Хаџи Панзова, како и корисниците од улиците Иван Тургењев, Живко Фирфов, Иван Хаџи Николов и Стари Новакина. ( општина Кисела Вода )

– во периодот од 09.30 до 10.30 часот, дел од корисниците од ул. Франц Прешерн како и корисниците од ул. Ацо Шопов. ( општина Карпош)

21.06.2022 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа