Делегација на Вооружените сили на Италија во посета на земјава

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Италија, предводена од началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Енцо Вичијарели, престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Генерал Вичијарели денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.

По активностите во Генералштабот, генералот Вичијарели ќе оствари средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 08:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега