Дел од студентите кои добија ваучер, решиле наместо да го искористат – да го продадат!

Министерката за образование и наука Весна Јаневска прашана за случаи кога студенти кои добиле ваучер за набавка на електронски уред, а потоа ги продаваат, кажа дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со нив.

-Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и го остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно-разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка и така натаму. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите, одговори Јаневска на новинарско прашање

Exit mobile version