Дел од скопска населба без вода

Поради дефект на приклучна цевка, без вода денеска ќе бидат корисниците на ул.14 и дел од „Бутелска“ (краковите од 2 до 14) во населбата Радишани.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до санација на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

ЈП Водовод и канализација - Скопје ќе ја информира јавноста кога ќе биде надминат дефектот.

04.08.2022 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега