Дел од Општина Центар утре без вода

 

Корисниците од улиците „9 Мај“, „Петар Поп Арсов“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, „Борка Талевски“ и „Христо Смирненски“ во Општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на уличен дефект на цевка со профил од 80 милиметри на улицата „9 Мај“ бр.17.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не го отстранат дефектот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2019 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега