Декодирани се црните кутии на рускиот авион: Откриена е можната причина за падот (видео)

 

Меѓудржавниот воздухопловен комитет на Русија соопшти дека било завршено декодирањето на црните кутии од авионот „Ан-148" на „Саратов Ерлајнс".

Авионот на авиокомпанијата „Саратов Ерлајн" патувал од Москва кон рускиот град Орск во близина на границата со Казахстан, а се срушил само неколку минути после полетувањето.

Според информациите на руските медиуми, можна причина за падот на авионот се неисправните податоци за брзината на летот во комбинација со мразот.

Од Комисијата рекле дека „посебната ситуација" со авионот „Ан-148" започнала некои 2 минути и 30 секунди после полетувањето на надморска височина од околу 1,300 метри и брзина од 465-470 километри на час, додавајќи дека погрешните податоци за брзината на летот, очигледно поради студеното време, би можеле да доведат до падот.

Патничкиот авион „Ан-148" полетал за Орск во областа Урал во неделата од аеродромот „Домодедово" и исчезнал од радарите после неколку минути. За жал, никој од 65-те патници и 6-те членови на екипажот не го ја преживеаа несреќата.

 

 

 

13.02.2018 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа