Дејвид Гер нов амбасадор на ЕУ во Македонија

Новиот шеф на Мисијата на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гер, во моментов му ги предава акредитивните писма на Претседателот Стево Пендаровски со што и официјално ја презема функцијата која до сега ја извршуваше евроамбасадорот Самјуел Жбогар.

Гер во Скопје пристигна минатата недела. На социјалните мрежи порача дека сака да ја запознае целата земја и нејзиниот народ, паралелно давајќи поддршка на процесот на евроинтеграција. Неговиот претходник, Жбогар во Македонија помина 4 години.

Денеска нов амбасадор именуваше и Словенија. Функцијата ќе ја извршува Милан Предан кој утрово веќе му и предаде акредитивните писма на Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега