Дефанзивецот на Манчестер сити правел секс-забави со проститутки во самоизолација

Кајл Вокер не само што ги прекрши сите правила на самоизолацијата, туку направи и скандал: платил две проститутки да дојдат во неговиот стан и правел секс-забава.

Целата приказна излезе во британските медиуми пред два дена, па сега на Вокер му се заканува исфрлање од англиската репрезентација.

Недисциплинираниот дефанзивец на Манчестер Сити е познат по неговото неморално однесување. Пред два месеци медиумите пишуваа дека ја изневерил сопругата Ени Килнер со нејзината најдобра пријателка која е бремена од него.

Сега има нов проблем: Луиз Мекнамара, една од „ескорт дамите“ кои биле на неговата приватна забава во самоизолација, објави разголени фотографии од него и сочни детали од секс-забавата.

На забавата имало уште една девојка од Бразил. Забавата траела повеќе од три часа, а Вокер го чинела околу 2.500 евра.

Сега клубот отвори постапка против него поради кршење на правилата за самоизолација и му се заканува казна од 270.000 евра.

Најлошо од сѐ е што Вокер по тричасовната секс-забава се огласи на Instagram каде во видеопорака апелираше на одговорно однесување – седете дома и не го ширете коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега