Дедо остана без огревни дрва - ги платил, ама никогаш не ги добил

На 22.03.2023 во СВР Велес, 70-годишен велешанец пријавил дека на 12.03.2023 бил измамен од едно лице за сума од 5.000 денари.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва по цена од 3.500 денари за кубен метар и му побарало капар од 5.000 денари, кои тој му ги дал, а дрвата се уште не му биле донесени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

23.03.2023 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега