Децата сами ги подавале рачињата за да ги врзат- Сменет директорот на Заводот во БиХ, плачел кога ги видел фотографиите

„Гарантирам дека фотографиите не се од времето кога сум јас директор. Згрозен сум! Лично им забранив на вработените во домот да им го прават тоа на децата. Ако се докаже дека е точно сите ќе сносат санкции“ вели Реџеп Салиќ , директор на Заводот за деца со пречки во развојот во Пазариќ, БиХ.

Директорот на заводот, пред новинарите заплакал. Рекол дека тој бил прв што алармирал дека на децата им се „зема од уста“ и дека никој не реагирал.

Владата денес донела одлука за промена на директоротна Управниот надзорен одбор, но и целиот управен одбор на заводот кој брои пет члена.

Потсетуваме дека пред неколк дена пратеничка во Парламентот на БиХ, Сабина Кудиќ  достави фотографии до медиумите од штитениците во Заводот за згрижување на ментално инвалидни деца и младинци во Пазариќ, кај Сараево кои покажуваат дека децата се врзани за мебел и радијатори.

На некои деца рацете им се врзани зад грб, а многу деца го поминуваат поголемиот дел од денот и цела ноќ во таква позиција, па нивната физичка и ментална состојба е нарушена.

-Децата често самите ги подаваат рацете за да им се врзат бидејќи се навикнати да бидат врзани 14 часа. Како резултат на овие методи, многу деца имаат сериозни здравствени проблеми“, истакна Кудиќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега