Децата родени во Херсон по 24 февруари ќе добијат руско државјанство

 

Сите деца родени во Херсонската Област по 24 февруари, кога Русија ja започна т.н. специјална воена операција во Украина, автоматски ќе добијат руско државјанство, изјави денеска заменик-шефот на воено-цивилната управа на Херсонската Област, Кирил Стремусов.

Тој изјави дека сирачињата кои живеат во регионот Херсон автоматски ќе добијат руско државјанство, пренесе ТАСС.

На 25 мај рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за поедноставување на правилата за добивање руско државјанство за граѓаните од регионите Запорожје и Херсон во Украина.

16.06.2022 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега