Децата од 12 до 15 години главни преносители на Ковид 19: Ќе им биде понудена вакцина

Главниот медицински службеник во Велика Британија Крис Вити изјави денеска дека децата се моментално главните носители на коронавирусот и дека без вакцинација, скоро сите на возраст од 12 до 15 години може да се заразат во одреден момент.

-Дефинитивно постои значителен пренос на вирусот во оваа возрасна група. Всушност, возрасната група за која зборуваме е онаа со најголема стапка на пренос во моментов, колку што можеме да кажеме, рече професорот Вити пред пратениците на состанокот за да проценат дали на децата на возраст од 12 до 15 години треба да им се понудат вакцини против коронавирус.

-Ќе биде понудена вакцина за децата во таа возрасна група, откако Вити и неговите колеги минатата недела рекоа дека вакцинацијата ќе биде корисна за децата и при намалувањето на пречките во образованието, пишува Ројтерс, пренесува Политика.

Вити посочи дека оваа препорака се фокусира исклучиво на благосостојбата на децата од оваа возраст и дека не е дадена од политички причини.

 

-Практично, секое невакцинирано дете најверојатно ќе се зарази во одреден момент, предупреди тој и додаде дека вакцинацијата може да го намали тој ризик.

22.09.2021 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега