Децата кои загинале биле на возраст од 8, 9 и 11 години - МВР со детали за експлозијата во Романовце

 

Три деца загинаа, а шест лица се повредени во пожар кој настана по експлозија на плинска боца во Куманово.

- Вчера во 10:00 часот во село Романовце,кумановско во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телсени повреди но поради сериозноста на повредите истите се префрлени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега