Две деца на возраст од 3 и 4 години од кумановско село се затруле со течност која се користи за земјоделски култури, соопшти денеска СВР Куманово.

Случајот во полицијата го пријавил лекар од Општа болница Куманово вчера околу пладне.

„Биле донесени две деца на возраст од 3 и 4 години од Кумановско, кои биле затруени од течност која се користи за земјоделски култури. По извршен преглед тие се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопштија од полицијата.

Од кумановската болница информираат дека при клиничкиот преглед децата биле во добра општа состојба и виталните параметри биле стабилни.

„Поради можност за интоксикација, пациентите со болничко возило со придружба на медицински тим се транспортирани во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје“, соопшти болницата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version