Полицијата во Дебар синоќа исклучи од сообраќај возач кој бил во тешка алкохолизирана состојба. Станува збор за 60-годишниот Љ.М. од Дебар, кој бил сопрен на улицата „Јусуф Багери“ додека управувал возило „Фолксваген Пасат“ со струшки ознаки.

При алкотестирањето, кај возачот биле измерени високи 1,83 промили алкохол во крвта. „Лицето веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ според членот 297-а од Кривичниот законик. Полицијата воедно апелира до сите возачи да бидат крајно внимателни поради замрзнатите коловози и строго да ги почитуваат прописите.

Exit mobile version