Де Ниро се жали од коронавирусот, ќе заработи само 7,5 милиони долари

Финансиската ситуација на актерот Роберт Де Ниро се влошила поради влијанието на пандемијата со коронавирусот. Славниот актер во моментот е во бракоразводна парница со 11 години помладата Грејс Хајтауер, со која се раздели пред две години по 21 години поминати заедно.

Хајтауер по судски пат побара месечниот лимит на кредитната картичка да и се врати на 100.000 долари, наместо 50.000. Но, финансиската состојба на Де Ниро се влоши, поради што лимитот е смален.

Освен намалениот лими, поранешната сопруга на Де Ниро се налути и што на неа и децата им е забранет пристапот до домот во Њујорк.

Адвокатката на актерот изјави дека приходите му паднале поради затворањето на ланецот ресторани Нобу и хотелот Гринвич, чиј сопственик е токму Де Ниро. Тој во март загубил три милиони долари, а во април 1,87 милиони. Де Ниро морал и на инвеститорите да им плати половина милион долари, и тоа позајмени затоа што „останал без пари“.

Во предбрачниот договор на Де Ниро и Хајтауер стои дека мора да и ѝ исплати милион долари секоја година кога ќе заработи 15 или повеќе милиони долари, а ако приходите му паднат ќе се намали и исплатата. Оваа година во најдобар случај би можел да заработи само 7,5 милиони.

Поради ова, актерот морал да ја намали својата потрошувачка. Судот одлучи да се одржи кредитен лимит од 50.000 долари, но актерот на својата поранешна сопруга ќе мора да и даде 75.000 долари за да може да плаќа куќата за одмор за себе и нивните две деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега