Де Ниро се разведува од 11 години помалдата сопруга, западнал во финансиска криза - откриено како изгубил многу пари

Роберт Де Ниро (76) е во процес на тужба за развод против 11 години помладата Грејс Хајтауер.

Двојката потврди дека се разведуваат во 2018 година по 21 година брак, а Грејс побара од судот да и се врати месечна граница за кредитна картичка од 50.000 на 100.000 долари.

Финансиската состојба на актерот се влоши, поради што се намали границата. Покрај тоа што се намали лимитот на картичката, Де Ниро ја налутил својата поранешна сопруга затоа што тој и на децата, Хелен (8) и Елиот (21) и забранувал пристап до неговиот дом во Њујорк.

Адвокатот на Де Ниро, Каролин Краус, вели дека приходите паднале поради затворањето на ланецот на ресторани, од кои актерот е косопственик. Де Ниро мораше да плати на инвеститорите половина милион долари, кои ги позајми од деловните партнери затоа што „немал пари“.

Во предбрачниот договор на Де Ниро и Хајтауер се наведува дека тој мора да плаќа 1.000.000 долари секоја година кога ќе заработи 15 000 000 долари или повеќе, а ако неговите приходи паѓаат, и нејзината исплата се намалува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега