Давидовски од Шведска: Шведскиот Врховен суд и залепи силен шамар за Заевата хунта

Како вистински патриоти, мојата и намерата на браќата околу мене беше целосно искрена, влеговме понесени од скандалозното рушење на државата кое се одвиваше пред наши очи, Тиранската платформа, пеењето на албанската химна, формирање влада надвор од желбата на народот искажана на изборите. Не влеговме да убиеме или повредиме некого, скраја да е, ситните инциденти беа индивидуален чин, но дури и тој предизвикан од дејанијата на уште тогаш – Заевата хунта. Очигледно, не злоупотребија како топовско месо, провокацијата беше смислена и секој нормален човек и патриот би реагирал како нас, доколку се најдеше таму. Од сегашна гледна точка – да, нашиот патриотизам и љубов кон Македонија беа злоупотребени, а ние станавме колатерална штета на една политичка игра за некој си Заев да го оправда неуставното доаѓање на власт, изјави Дејан Давидовски, првостепено осуден за настаните на 27 април во интервју за телевизија Алфа.

Тој во моментот е во Шведска, држава членка на ЕУ која одби да го екстрадира, иако Македонија со потерница го побара тоа. Шведскиот Врховен суд не го испорача, толкувајќи дека делото не соодветствува со тероризам, туку според нивното законодавство, актот се толкува како бунт на граѓаните.

Тој вели дека Шведска, која е синоним за демократија и правна држава ќе констатира политички прогон и ќе одбие екстрадиција констатирајќи го гласно, пораката е јасна – сегашната Македонија има проблем со владеењето на правото.

-Во превод – Шведска кажа дека не сме правна држава. На страна што не се работи само за мене, имаме уште три случаи во две држави, Унгарија и Грција, двете членки на ЕУ и НАТО, кои одбија екстрадиција на македонски државјани поради  политички мотиви во случаите. Владината пропагандна машинерија можеби може и да ги шиканира Грција и Унгарија, иако нереално, но никој не може и не смее да отвори уста против Шведска, која во светски рамки е пример за правда и правна држава. Така што, одбивањето на Врховниот суд за моја екстрадиција е силен шамар за Заевата хунта. Појасна порака за тоа што се случува во Македонија и за обвинетите и осудените за 27 април – здравје! вели Давидовски.

Тој кажа дека неговото семејство премногу му недостига, но дека не би се вратил во Македонија.

-Не можам да ви опишам колку ми недостасуваат. Се молам, дај Боже, никому во иднина да не му се случува ова што ми се случува на мене и на браќата кои гнијат по затворите. Ваква голгота на правдина е страшна работа. Оваа влада, освен што е антинационална, опортунистичка и макијавелистичка, е и крајно бездушна. Но нека се замислат, Господ гледа, а јас како верник, силно верувам во правдата.

Во ваква Македонија, колку и да ја сакам и за која и покрај се, повторно се би направил за неа, не би сакал да се вратам. Не во ваква држава, ова е пародија од она што некогаш беше, не само името, целата држава ја испоганија со своите глупости. Но и покрај се, оптимист сум дека ова не може да трае вечно, работите ќе се сменат и правдата ќе победи. И за мене и за моите затворени браќа, но и за сите Македонци. Ми недостига  Македонија, не Северна на Заев, туку нашата Македонија? - каѓа Давидовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега