Дарко Лазиќ едвај оди- ќе искешира 7000 евра за да ослаби

Дарко Лазиќ има сериозни здравствени проблеми поради тежината. Српскиот пејач моментално тежи околу 120 килограми, а бидејќи диетата лошо му оди, се решил да прави липосукција, пишува „Информер“.

Дарко треба да ослави околу 50 килограми. Баш се здебели, а висок е сè на сè  175 сантиментри. Тежината дополнително му го оптеретува веќе повредениот колк, едвај оди, открил негов пријател за порталот.

Според пријателот, голем проблем е и што поради килажата, Дарко брзо се заморува, а има настап секој викенд.

Верува дека отстранувањето на масните наслаги е најлесниот начин за да ослабне, па после ќе води сметка колку јаде. Проба да намали и сега, но не вреди, си сака човекот да си касне, рекол пријателот.

Според „Информер“ ваквата хируршка процедура ќе го кошта Лазиќ 7.000 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега