Данската премиерка Мете Фредериксен најави забрана за пристап до социјалните медиуми за лица под 15 години. Таа рече дека со забраната ќе бидат опфатени неколку платформи, но не прецизираше кои. На деца на возраст од 13 до 15 години ќе им биде овозможен пристап само со специјална дозвола од родителите.

„Мобилните телефони и социјалните мрежи им го крадат детството на нашите деца. Ослободивме чудовиште. Никогаш порано толку многу деца и млади луѓе не страдале од анксиозност и депресија. Многу деца имаат тешкотии во читањето и концентрирањето“, рече Фредериксен, додавајќи дека „на екраните гледаат работи што ниедно дете или млад човек не треба да ги види“.

Данска во февруари најави дека мобилните телефони ќе бидат забранети во сите училишта и клубови по часовите, откако комисија за благосостојба утврди децата под 13 години не треба да имаат свој паметен телефон или таблет.

Грција во јуни предложи ЕУ да дефинира „возраст на дигитална зрелост“ што ќе ги спречи децата да пристапуваат до социјалните медиуми без согласност на нивните родители.

Exit mobile version