Данска поставува нов рекорд: За еден ден ќе бидат вакцинирани 100.000 луѓе

Данскиот министер за здравство Магнус Хојнеке денес прогласи „голем ден на вакцинација“, затоа што 100.000 луѓе ќе бидат вакцинирани за еден ден.

Вакцините ќе бидат дадени во 68 центри за инокулација низ Данска, која има речиси шест милиони жители, пренесува агенцијата АП.

Данскиот министер рече дека Данците ќе постават нов рекорд и ги повика луѓето да пристигнат на време за вакцинација.

Најголемиот дел од вакцинацијата ќе се реализира во Копенхаген и неговата околина, каде што живее една третина од населението.

Во Данска досега 868.461 лице или скоро 15 проценти од населението ја примиле првата доза на вакцина, а 445.566 лица или скоро 8,0 проценти ги примиле двете дози.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега