Данска планира да ги отвори градинките и училиштата

Данска на 15 април ќе ги отвори градинките и училиштата за деца од прво до петто одделение ако бројот на заразени и смртни случаи од коронавирусот остане стабилен.

Ова денеска го изјави премиерката на Данска, Мет Фредериксен.

Таа, меѓутоа, рече дека ќе забраните за собирања во сила ќе останат до август, пренесува Ројтерс.

Во Данска регистрирани се вкупно 4.681 заразени и 187 смртни случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега