Даниловски за Детектор: Коронавирусот не може да лебди во воздухот, во ширењето најмногу придонесуваат лицата без симптоми

Епидемиологот др. Драган Даниловски вели дека коронавирусот не може да се задржи во просторија и да лебди во воздухот до три часа.

Појаснува дека објавувањата на социјалните мрежи и медиумите се истражувања во експериментални услови, што не може да се преслика во реалноста.

Даниловски се извини што објавил дезинформација и рече дека статусот ќе го повлече.

Во однос на начините како се пренесува коронавирусот, вели дека пренесувањето преку површините не може толку да влијае на ширење на заразата. Во ширењето на заразата учествуваат оние лица кај кои завршила инкубацијата, а нема никакви симптоми.

Даниловски советува да се продолжи да се носат ракавици, особено кога се оди во маркети бидејќи не можеме да знаеме кој сѐ ги допирал работите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега