Даниловски: Со масовно тестирање ќе се лоцираат и изолираат скриените случаи

Епидемиологот др. Драган Даниловски во денешното гостување на Детектор вели дека треба да се тестираат младите за да се спречи ширењето на Ковид-19. Појаснува дека ситуацијата во Кина покажа оти токму младите можат најмногу да влијаат на ширењето на коронавирусот.

Според него, треба да се тестираат сите оние кои од странство се враќаат во Македонија, но и сите здравствени работиници.

Сепак, Даниловски апелираше до медицинските лица да внимаваат за да не дозволат да се заразат.

Појаснува дека во заштитата на здравствените работници ќе помогне монтажната болница која треба да се изгради во следниот период. Даниловски вели и дека триажа треба да се направи на ниво на цел Комплекс клиники.

Во однос на масовното тестирање посочи дека постојат примери на држави кои го прават тоа. Даниловски појаснува дека овие тестови се различни од тие кои што во моментот ги користи македонскиот здравствен сисстем.

-На тој начин би го направиле она што го направи Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур. Да се лоцираат, да се евидентираат скриени фокуси, кластери, на инфицирани случаи кои што би се изолирале и би се оневозможило ширење на коровирусот, рече Даниловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега