Даниловски: Не смее да се дозволи да се парализира здравствениот систем

Со Ковид-19 проблемот е што 20 отсто од заболените бараат да бидат хоспитализирани, односно имаат средна или тешка клиничка слика, истакна епидемиологот Драган Даниловски во денешното гостување во Детектор.

Вели дека не смее да се дозволи да се парализира здравствениот систем.

Во однос на случајот со починатата стружанка која не била хоспитализирана во Охридската болница, вели дека чекањето за резултати за коронавирусот се случува поради пренатрупаноста и големиот број на тестови.

Посочува дека се случуваат „лажно негативни“ и „лажно позитивно“ резултати, а тоа, според него, се случува поради нестручно земање брисови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега